Паника во Јужна Кореја: Неуспешно лансирале ракета, таа предизвикала поголем пожар

Точка

05/10/2022

07:20

3.341

Големина на фонт

а а а

Неуспешното лансирање на балистички ракети предизвикало паника во инаку мирниот град во Јужна Кореја, откако проектилот паднал на земјата и предизвикал поголем пожар, соопштиле во средата властите.

Јужнокорејската војска во вторникот навечер лансирала балистичка ракета со краток домет "Hyunmoo-2" која поради неисправност паднала кратко по лансирањето. При падот се запалило ракетното гориво, но капсулата не експлодирала, рекол претставник на јужнокорејската војска.

Сеул и Вашингтон направиле неколку заеднички вежби во рамките на кои, меѓу другото, се лансирале ракети, како одговор на севернокорејското лансирање на балистичка ракета со среден домет, која во вторникот ја прелета Јапонија.


Фотографиите кои се шират на социјалните мрежи, а чија автентичност "AFP" не можел да ја потврди прикажувале портокалова огнена топка, за која корисниците тврдат дека е локализирана во близина на воздушната база Гангнеунг на источниот брег на земјата.

„Бројни жители во паника се јавија во градската управа“, известил службеник во градската управа на Гангнеунг.


„На почетокот не знаевме што се случува бидејќи од војската не добивме никакво предупредување дека се одвиваат такви вежби“, додал службеникот.

Главниот стожер на јужнокорејската војска известил дека немало жртви и дека се истражуваат причините за неуспешното лансирање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг