Славниот пејач штотуку го шокираше светот: „Јас сум супер видовит - ушите ми ѕвонат како луди, можам да разговарам со моите предци!“

Точка

04/10/2022

21:14

6.723

Големина на фонт

а а а

Пејачот Крег Дејвид доминираше на светската музичка сцена во 2000-тите, сите ги пееја неговите хитови!

Иако неодамна се повлече од медиумите, сепак е многу популарен. Напорно работи на осмиот студиски албум, но и на првата книга.


Многу се посвети на техниките за самопомош, а тие ќе бидат главна тема во книгата што ја подготвува. Меѓутоа, Дејвид открил дека пеењето и пишувањето не му се единствените таленти. Има и скриена вештина.

Имено, тој ги шокираше сите со тоа што призна дека е „видивит“ и дека некако може да комуницира со своите предци.


„Јас сум супер емпатичен, супер чувствителен и супер видовит и се чувствувам слободно тоа сега да го признавам. Јас сум многу видовит и можам да ги видам работите во иднина. Ушите ми ѕвонат како луди и знам дека во тој момент има некој духовен водич или некој предок кој се обидува да ми го сврти вниманието на нешто“, заклучил Крег.




Спонзорирани линкови

Маркетинг