Пејачот Крег Дејвид доминираше на светската музичка сцена во 2000-тите, сите ги пееја неговите хитови!
Иако неодамна се повлече од медиумите, сепак е многу популарен. Напорно работи на осмиот студиски албум, но и на првата книга.
Многу се посвети на техниките за самопомош, а тие ќе бидат главна тема во книгата што ја подготвува. Меѓутоа, Дејвид открил дека пеењето и пишувањето не му се единствените таленти. Има и скриена вештина.
Имено, тој ги шокираше сите со тоа што призна дека е „видивит“ и дека некако може да комуницира со своите предци.
„Јас сум супер емпатичен, супер чувствителен и супер видовит и се чувствувам слободно тоа сега да го признавам. Јас сум многу видовит и можам да ги видам работите во иднина. Ушите ми ѕвонат како луди и знам дека во тој момент има некој духовен водич или некој предок кој се обидува да ми го сврти вниманието на нешто“, заклучил Крег.