„Путин планира да тестира нуклеарно оружје во Украина“

Точка

04/10/2022

21:20

5.723

Големина на фонт

а а а

Британски Тајмс пишува дека Владимир Путин испраќа „нуклеарен воен воз“ на фронтот во Украина поради страв од ескалација на борбите кои во последно време не им одат најдобро.

Тие тврдат дека Путин се подготвува да тестира нуклеарно оружје за масовно уништување на границите на Украина и дека НАТО ги предупредил своите членки за тоа.

„Кремљ ја сигнализираше својата подготвеност за значителна ескалација бидејќи Русија го губи теренот на бојното поле. Стравувањата поради претходните навестувања на Путин дека тој би можел да прибегне кон таква тактика беа зголемени вчера со тврдењата дека воз управуван од тајна нуклеарна дивизија бил наменет за Украина“, пишува Тајмс.

Во централна Русија, фотографиран е воен конвој возила за кој се верува дека се движи кон Украина, а припаѓа на единица која управува со централните складишта за нуклеарно оружје.

Конрад Музика, одбранбен аналитичар со седиште во Полска, рече дека возот бил поврзан со 12-та главна управа на руското Министерство за одбрана, која е одговорна за „нуклеарна муниција, нивно складирање, одржување, транспорт и издавање до единиците“.

Ова може да значи дека нуклеарното оружје се носи на фронтот, се користи за обука или тоа може да биде обид на Путин да му се закани и да го заплаши Западот. Иако Кремљ тврди дека започнувањето нуклеарна војна е неприфатливо, Путин пред да припои четири украински територии изјави дека секој напад врз Русија ќе покрене нуклеарна војна, па ситуацијата сега е уште понапната.




Спонзорирани линкови

Маркетинг