(Видео) „Кој е проблемот на руската војска во Украина?“: Командантот на „народната милиција“ на Луганск даде јасна проценка против кого е војната

Точка

04/10/2022

19:48

7.469

Големина на фонт

а а а

Олга Скабеева, руска телевизиска водителка и политички коментатор, го изненади Андреј Марочка, командантот на „народната милиција“ од Луганск, со прашање во нејзината емисија „60 минути“ на руската државна телевизија.

„Ние во студиото не сме воени аналитичари, па би ве замолила да ми објасните зошто напредуваме метар по метар кога тие напредуваат село по село“, го праша Скабеева командирот Марочка, очигледно незадоволна од досегашниот тек на војната и додаде: „Зошто работите нѝ одат лошо во моментов и кога тоа ќе се промени?“.

„Разберете го фактот дека ние не се бориме против украинските сили, туку против НАТО и неговите трупи. Тие имаат огромни ресурси и моментално се посилни од нас. Нивната главна сила е интелигенцијата. Тие буквално го следат секој наш потег преку сателит. Секако, тоа им дава огромна предност и моментално нивните шанси за успех се многу поголеми од нашите“, вели Марочка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг