Молдавија подготвена да ѝ даде дел од својата територија на Украина на користење на неколку години

Макфакс

04/10/2022

18:03

2.488

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека нејзината земја е подготвена да и предаде дел од својата територија на Украина на неколкугодишна употреба.

Тоа го кажала за време на разговор со руските пранкери Вован и Лексус, мислејќи дека разговара со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ.

„ Знаете, кога бев во Киев, разговаравме за прашањето за селото Ѓурѓулешти (во регионот Чагул во Молдавија, на границата со Романија и Украина) и излеговме со предлог. Вашите луѓе дојдоа и ја погледнаа територијата, која сме подготвени да ви ја отстапиме. Засега се обидуваме целосно да ги решиме правните прашања во врска со пристаништето. Сепак, можеме да ви предложиме земја што ќе можете да ја користите во следните неколку години“, рекла Санду во разговорот со руските пранкери.

Таа го предложи тоа, откако технички експерти дојдоа и ја разгледаа територијата, но не добија одговор од молдавските власти.

„ Ме интересира дали сè уште сте заинтересирани за овој предлог или најдовте друго решение“, рече Сандуова во своето обраќање до „украинскиот премиер“. Блогерите го објавија видеото на Телеграм.

Администрацијата на претседателката на Молдавија соопшти дека видео снимката од разговорот на Маја Санду со руските пранкери е фалсификат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг