Новото видео предизвика загриженост за здравјето на Бајден: При посетата на Порторико претседателот на САД збунето гледал во подот

Точка

04/10/2022

19:15

4.148

Големина на фонт

а а а

Здравствената состојба на шефот на Белата куќа, Џо Бајден, во текот на службениот пат во Порторико, повторно привлекла внимание кај интернет корисниците.

Коментарите се појавиле под објавата на Републиканскиот национален комитет (RNC) на Твитер.

На објавеното видео Бајден стои на патот до подиумот, гледа во своите стапала, како нешто да бара, а потоа збунето гледа и околу себе.

Корисниците се прашуваат дали на претседателот му е добро, изразувајќи загриженост за неговото моментално здравје.

„Тој никогаш не знае каде да оди, ниту како да слезе од бината. Неговата тајна служба му кажува каде да оди и каде да застане на настаните за тие да знаат каде да одат за да го заштитат“, напишал корисникот MidvestGal.

„Дали знае каде е? Молете се за него, потребно му е“, напишал друг корисник.

„Мислам дека се обидува да го пронајде крстот каде му е кажано да стои“, сугерирал Big Davg.

„Изгледа како штотуку да влегол во соба и се запрашал: Зошто дојдов тука? Тоа им се случува на сите, но тој прилично е доследен на таквите ситуации“, изјавил Џастин.

Бајден и неговата сопруга Џил на 3 октомври биле во посета на Порторико којшто е тешко оштетен од ураганот Фиона. Природната катастрофа ја оставила без струја цела територија на земјата.

Претходно Џо Бајден направил грешка и им се заблагодарил на американските војници на себичноста која ја покажале во војната на Блискиот исток. И во текот на посетата на Израел, Бајден направил гаф за холокаустот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг