Град што не постои ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година

Макфакс

04/10/2022

16:51

42.801

Големина на фонт

а а а

Олимпискиот совет на Азија ` ја додели на Саудиска Арабија организацијата на Азиските zимски игри во 2029 година.

Игрите ќе бидат рганизирани во планините во близина на футуристичкиот урбан проект Неом, во кој се инвестирани 500 милијарди долари.

„Пустините и планините на Саудиска Арабија наскоро ќе бидат активни за зимски спортови“, се вели во соопштението на Олимпискиот совет на Азија.

Саудискиот министер за спорт принцот Абдулазиз Бин Турки Ал-Фајсал рече дека нивниот проект целосно ја „менува свеста“.

„Трожена (ски-центар) е иднината на планинскиот живот“, рече тој за регионот, кој е опишан како површина од околу 60 квадратни километри на надморска височина од 1.500 до 2.600 метри.

Саудиска Арабија ќе биде домаќин и на Азиските игри во Ријад во 2034 година, а се очекува заедничка кандидатура со Грција и Египет за домаќин на Светското првенство во 2030 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг