Од 15-ти октомври скопјани ќе имаат парно – АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор

Макфакс

04/10/2022

16:22

1.778

Големина на фонт

а а а

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје.

Како што наведуваат од ЕСМ, договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23г, а закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика.

„Двете компании покажаа општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период“ додава ЕСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг