Лукашенко: Украинците постојано провоцираат на границата

Макфакс

04/10/2022

16:05

1.659

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја обвини соседна Украина дека испратила 15.000 војници во граничната област за да изгради одбрана и да изврши извидување, што тој ги нарече провокативни акции.

Во февруари Лукашенко му дозволи на својот близок сојузник Русија да ја искористи белоруската територија за да ја нападне Украина. Но, тој рече дека Белорусија не е на страна во конфликтот и дека нејзините сили не се вклучени.

Во изјавата што ја пренесе државната агенција „Белта“, Лукашенко рече дека украинските војници што дошле на границата ги блокирале патиштата и поставувале контролни пунктови и позиции за пукање.

„Со еден збор, не само што се подигнати барикади, туку е изграден и ѕид. Постојано се врши оптичко, радиоелектронско и радиотехничко извидување на нашата територија, армија и објекти“, рече Лукашенко.

Лукашенко рече дека неговата земја е вклучена во конфликтот само за да го спречи неговото ширење во Белорусија и да спречи напад врз Белорусија под превезот на специјална воена операција од Полска, Литванија и од Латвија.

„Како што им кажав на Русите, никој нема да пука во грб од територијата на Белорусија“, нагласи тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг