Дава енергија и го намалува уморот – овој зеленчук ја чисти крвта, ја подобрува крвната слика и е одличен сојузник при воспаленија

Точка

04/10/2022

17:09

10.078

Големина на фонт

а а а

Овој зеленчук е извор на природни шеќери, а исто така е богат со калиум, витамин Ц и фолна киселина. Цвеклото исто така е богато со вода и растителни влакна.

Цвеклото е извор на растителни влакна

Цвеклото е богато со растителни влакна, растворливи и нерастворливи. Поради таа причина, помага во подобрување на цревниот транзит и во борбата против „затвор“. Дури и се препорачува да се вклучи во диетите за лекување хемороиди. Покрај тоа, едно цвекло помага и во одржување на нивото на шеќер во крвта и добриот холестерол. Цвеклото може да се јаде свежо, варено или печено.


Цвеклото се бори против високиот крвен притисок

Цвеклото содржи нитрати кои се појавуваат во природата, кои се претвораат во азот диоксид кога се јадат. Оваа молекула го поттикнува опуштањето и вазодилатација, што ја подобрува циркулацијата на крвта и помага во регулирање на крвниот притисок во текот на целиот ден.

Дава енергија

Покрај тоа што има многу вода, цвеклото има и многу протеини. Значи, наместо да пиете енергетски пијалаци за да ја зголемите својата ефикасност, подобро е да се напиете една чаша природен сок од цвекло која може да даде исто дејство на организмот. Сокот од цвекло може да послужи и како извор на енергија за организмот поради претворањето на нитратот во азот оксид. Ова може да го зголеми отпорот на телото на вежби со висок интензитет.


Сојузник во борби против воспаленија

Цвеклото е важен извор на бетаин, хранливи материи кои можат да ги заштитат клетките, протеини и ензими. Покрај тоа овој зеленчук дава и антифламаторни својства кои помагаат во заштита на внатрешните органи и ја подобруваат циркулацијата во крвта.

Помага во детоксикација на телото

Пигментот којшто се наоѓа во цвеклото, познат како беталин, помага во процесот на детоксикација. Хранливите материи во цвеклото се во состојба да се борат против слободните радикали и неопходни се за чистење на виталните органи, како што се црниот дроб и белите дробови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг