„Porsche“ најави нов модел

Точка

04/10/2022

15:15

14.201

Големина на фонт

а а а

Притиснат со електрификацијата, но и се поизразената „SUV“ манија, „Porsche“ ќе мора да донесе тешки одлуки. Меѓу нив е и лансирањето на нови модели, а тоа ќе вклучува и нови „SUV“ модели. Еден од нив се крие зад ознаката „K1“.

„K1“ е проект на „SUV“ модел со три редови седишта, што значи дека ќе биде позициониран над моделот „Cayene“. Тоа го потврдил и неименуван застапник на „Porsche“ од САД за „AutoNews“ изјавувајќи дека минатата година видел рендер од новитетот.

Уште едно лице кое го видело дизајнерскиот предлог вели дека „K1“ носи „нов дизајн кој делумно е лимузина, а делумно кросовер“. Други пак изјавиле дека моделот „не изгледа како Порше“.


Многумина претпоставуваат дека „Porsche“ оди во насоката која веќе ја пренесе „Peugeot“ со моделот 408, но и „Volvo“ со „EX 90“ кој допрва треба да пристигне. Се претпоставува дека новиот модел ќе користи технологија со „Mission R“, што вклучува 920-волтен состав и електромоторен погон со ладење со масло.

„Porsche“ минатата година претстави низа концепти, па и „Vision Renndienst“ за која соопшти дека нема да оди во производство, колку и да изгледа спортски.

„Посебно таргетираме повеќе сегменти и настојуваме да оствариме нови продажни прилики“, изјавил Оливер Блуме и додал дека доаѓа многу спортска интерпретација на „SUV“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг