Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

Точка

04/10/2022

14:46

5.636

Големина на фонт

а а а

„Многу сум загрижен за исходот на некоја нова сталинградска битка, доколку се случи“, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска присуствуваше на презентацијата на комплетот книги „Собраните дела на Милорад Екмечиќ“ во Домот на вооружените сили во Белград, каде истакна дека многу години пред смртта Екмечиќ ги предвидел сите актуелни настани и конфликтот во Украина и светската економска криза.

Посочи дека денес е тешко да се прифати аголот во кој ќе се заштити државата, а да не се навредат срцата на народот.


„Многу сум загрижен за исходот на некоја нова сталинградска битка, доколку се случи. Останува прашањето што ќе правиме со себе и дали ќе успееме да ги зачуваме и левиот и десниот брег на Дунав за нашиот народ. И со тој завет треба да гледаме во иднината. Екмечиќ знаеше што е потребно за српското срце и душа, но и секогаш се сеќаваше што треба за српската глава“.

„Ќе видите и самите, без оглед на одлуките кои сме ги донеле морам да кажам дека се плашам од она што и претстои на Србија, сега повеќе од кога било“.


На крајот, Вучиќ рече дека „најважно е да се грижиме за нашето семејство и за нашата земја“.

„Ни претстои тежок период, потежок отколку што имавме во деведесеттите. Сето тоа, без разлика какви одлуки сме донеле, нема да го смени фактот дека се плашам повеќе од кога било од она што ја чека Србија. Да се грижиме за нашето семејство и нашата земја, Србија“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг