Француски градови ќе го бојкотираат Светското првенство

Макфакс

04/10/2022

14:19

2.215

Големина на фонт

а а а

Шест француски града решија да го бојкотираат Светското првенство во Катар. Тие нема да организираат јавно гледање на натпреварите што ќе се играат на мундијалот.

Лил, Стразбур, Роде, Бордо, Марсеј и Париз најавија дека нема да има големи екрани на плоштадите за време на Светското првенство во ноември и декември.

Одлуката е резултат на протестите поради непочитувањето на човековите права во таа земја и начинот на кој Катар се однесува со животната средина.

„Посветени на вредностите на споделување, солидарност во спортот и градење поодржливо место не можеме да придонесеме за промоција на Светското првенство во Катар, кое е човечка и еколошка катастрофа“, се вели во соопштението на градот Марсеј.

Заменик-градоначалникот на Париз потврди дека одлуката е поврзана и со тоа што турнирот се одржува во зима.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.

Франција одбраната на титулата ќе ја започне во Д-групата против Австралија, Данска и Тунис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг