Русија распиша потерница по некогашната уредничка Марина Овсјаникова, откако наводно побегнала од домашен притвор.
Овсјаникова е родена во Украина, а привлекла меѓународно внимание во март откако упаднала во студиото на Првиот канал, нејзиното тогашно работно место, да ја осуди војната во Украина во текот на информативна програма во живо, држејќи постер со натпис „Не за војната“.
Во тоа време е казнета со 30.000 рубљи поради кршење на законот за протести, пишува „Guardian“.
Овсјаникова продолжила да протестира против војната и во август е обвинета за ширење на лажни информации за руската војска бидејќи во текот на самостојниот протест на насипот на реката Москва спроти Кремљ држела плакат со натпис „Путин е убиец, неговите војници се фашисти“.
После тоа била ставена во домашен против за да го чекла судењето и ѝ се закануваат 10 години затвор доколку биде осудена.
Поранешниот сопруг на Овсјаникова во саботата рекол дека таа побегнала од домашен против заедно со својата ќерка.
„Мојата поранешна сопруга вчера го напуштила местото кое судот и го одреди и исчезна со мојата 11-годишна ќерка во непозната насока“, рекол Игор Овсјаников, кој е вработен во државната новинска куќа „RT“.
Не се знае каде се наоѓа Овсјаникова и таа не одговорила веднаш на барањето за коментар. Во понеделникот е додадена на онлајн листата на бегалци на Министерството за внатрешни работи.