Шпаркасе Банка им додели стипендии на студенти од Економскиот факултет – Прилеп

Точка

04/10/2022

14:14

1.259

Големина на фонт

а а а

На 3.10.2022 година, на првиот свечен академски час, Шпаркасе Банка им додели три студентски стипендии на тројца студенти запишани во прва година на прв циклус студии на Економскиот факултет – Прилеп, во согласност со Конкурсот за запишување студенти на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во акaдемската 2022/2023 година.

Пружањето поддршка на студентите и оваа година претставува продолжување на успешната соработка што Шпаркасе Банка и Економскиот Факултет во Прилеп ја имаат веќе неколку години. Двете институции имаат склучено заеднички меморандум за соработка, кој вклучува размена на знаења и заеднички активности во различни научни и едукативни области, како и во решавање научни проблеми од заемен интерес.


„Шпаркасе Банка има долгогодишна соработка и поддршка во сферата на високото образование и наука со Економскиот факултет – Прилеп. Така и оваа година им доделуваме три стипендии на тројца студенти од овој факултет. Веруваме во континуиран развој, едукација и учење, па во таа насока Шпаркасе Банка АД Скопје веќе неколку години по ред овозможува одреден број студенти да изведуваат практична настава во Банката, со цел запознавање со основите на банкарското работење и непосредно запознавање на процесот на работа. Како банка, веруваме дека на тој начин студентите директно ги надополнуваат стекнатите знаења и го унапредуваат својот професионален развој и способности, што подоцна им овозможува успешно да настапат на пазарот на трудот. Па, така, некои од студентите што извршуваа практика кај нас, веќе се дел од тимот вработени на Шпаркасе Банка.


Исто така, во октомври Шпаркасе Банка отвора нов Шпаркасе Центар за обука, во чии рамки ќе ја возобнови Академијата Млад банкар, а студентите и тука ќе имаат можност за понатамошна доедукација, практика, обука и кариерен развој“, изјави Билјана Санев, директорката на Дирекцијата за човечки ресурси.

Шпаркасе Банка верува во потенцијалот на студентите што не се плашат да работат на себе, да учат, да осознаваат и да се развиваат во насоката што ја избрале за своја иднина. Со огромна радост застанува во поддршка на нивниот труд и на нивните соништа и ги охрабрува да веруваат во себе.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг