Шојгу: Досега повеќе од 200.000 луѓе се мобилизирани во руските вооружени сили

Макфакс

04/10/2022

13:40

1.025

Големина на фонт

а а а

Досега повеќе од 200.000 лица повикани како дел од делумната мобилизација им се приклучија на вооружените сили на Руската Федерација, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Тој изјави дека обуката на мобилизираните се изведува на 80 полигони и во шест центри за обука, пренесува РИА Новости.

Во Русија на 21 септември беше најавена делумна мобилизација и беше најавено дека ќе бидат мобилизирани 300.000 резервисти, што е нешто повеќе од еден процент од вкупните мобилизациски ресурси на земјата, наведува агенцијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг