Доделена Нобелова награда за физика: Тројца научници добиле признание за работа на квантна механика

Макфакс

04/10/2022

13:51

23.128

Големина на фонт

а а а

Овогодишната Нобелова награда за физика им е доделена на Алан Аспект, Џон Ф. Клаузер и Ентони Цајлингер за нивната работа на квантната информатичка наука.

Ханс Елегрен, генерален секретар на Кралската шведска академија на науки, денеска ги прогласи добитниците на овогодишното признание на Институтот Каролинска во Стокхолм.


Неделата на објавување на Нобеловата награда почна во понеделникот, а шведскиот научник Сванте Пааб во понеделникот ја прими наградата за медицина за откривање на тајна неандерталска ДНК, која пружила клучен увид во нашиот имунолошки систем.


Во среда ќе бидат прогласени добитниците на Нобеловата награда за хемија, а во четврток за книжевност. Името на добитникот за Нобеловата награда за мир за 2022-ра година ќе биде објавено во петок, а за економија на 10-ти октомври.




Спонзорирани линкови

Маркетинг