Бурниот однос на принцезата Дајана со маќеата: Ја нарекувале „отровна Рејн“, а браковите ѝ донеле дури 5 титули

Точка

04/10/2022

13:40

5.075

Големина на фонт

а а а

Родителите на принцезата Дајана се развеле, а таа со својата маќеа имала навистина бурен однос.

Принцезата Дајана и нејзината маќеа Рејн Спенсер, имале специфична врска и комуникација. 

Рејн Спенсер била ќерка на писателката на љубовни романи Барбара Картланд, додека пак нејзиниот татко бил воен чиновник кој исто така бил наследник на печатница, но нејзините родители се развеле, а мајка ѝ се венчала за братучед од татко ѝ – Хју и добила двајца синови.

Таа пораснала во Канада, а во училиштето секогаш била најдобра. Интересно е тоа што Рејн се мажела три пати и со тоа имала пет различни титули.

Сè што направила Рејн во животот е интересно за прераскажување, меѓутоа нејзината врска со Џон Спенсер привлекла најголемо внимание.

Нејзината мајка се обидела од Рејн да направи сè она што сама никогаш не била, па така во 1947 година токму таа, меѓу 20.000 кандидати, била претставена пред кралот Џорџ VI по војната. Рејн прво се венчала за Џералд Лиџ, наследник на грофска титула. Парот набрзо си го средил домот, а потоа пристигнале двете деца, Вилијам во 1949 и Руперт во 1953 година. Шарлот и Хенри родени се повеќе од деценија подоцна.

Таа се дружела со сестрата на кралицата Елизабета Втора, принцезата Маргарет и цел свој живот го подредила во прекрасна бајка, но и хуманитарна работа. Рејн се обидела да влезе и во политиката, па на 24 години освоила место во Вестминстер како конзервативка. Од политиката се откажала во 1972 година кога го запознала Џон Спенсер. Била популарна сè додека не започнале да се појавуваат фотографии со Спенсер.


Таа се венчала за таткото на принцезата во 1979 година откако нејзината мајка Франсис ја напуштила. Потоа била започната „кампањата“ со омраза во состав на која таа била претставена како „злобна маќеа на децата Спенсер“.

Се пишувало дека Рејн се продала за да ја реновира вилата во која живее и со тоа ги разбеснела децата Спенсер, па дури некои навеле дека и ги исфрлила од куќата. Подоцна Рејн била еден од сведоците за смртта на принцезата Дајана. Интересно е тоа што тие две се зближиле една година откако Спенсер починал, а Рејн тогаш веќе била во трет брак.

Дајана и нејзините браќа и сестри не ја сакале нивната маќеа поради што ја нарекувале „отровна Рејн“ и често ѝ пееле „Рејн, Рејн, заминувај!“.

На венчавката од принцезата Дајана ја немало Рејн покрај Џон, а не се појавила ниту на балконот од Бакингемската палата по церемонијата. Исто така се пишувало и дека лејди Ди ја турнала по скали.

Наводно, принцезата Дајана се оддалечила од мајкаси поради тоа што се карале зошто таа почнала да се дружи со муслимани, што на нејзината мајка ѝ пречело, а токму тоа пресудило Дајана да се зближи со маќеата и таа да стане нејзина главна личност од доверба и некој кој ѝ дава поддршка.

Тие две ја делеле страста за хороскопот, а Рејн при истрагата се пошегувала дека и двете сакале „темен, згоден господин да влезе низ вратата“.

„Ве проколнувам да дадете сè од себе за да ја решите оваа мистерија, да отстраните сè што би можело да биде прикривање и да ги испитате сите можности и неможности за да овозможите Дајана да почива во мир“, изјавила Рејн пред судијата во текот на истрагата.

Рејн Спенсер кон крајот на 2014 година се разболела од канцер и, па после одредено време починала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг