Оби Микел: Изборот на Челси пред Јунајтед беше најдобра одлука во мојот живот

Дерби

04/10/2022

12:55

1.981

Големина на фонт

а а а

Џон Оби Микел официјално ја заврши фудбалската кариера на 35-годишна возраст, а во првото интервју по објавената вест зборувал за своите најуспешни моменти, кои ги оствари во дресот на Челси.

Нигериецот предизвика скандал во 2005 година, бидејќи од норвешки Лин реши да се пресели во Челси, иако претходно имаше потпишано преддоговор со Манчестер Јунајтед.

Оби Микел вели дека не жали за ситуацијата и смета дека ја донел најдобрата одлука во кариерата.

– Не жалам за ниту една одлука затоа што уживав во периодот минат во Челси. Тоа беше најдобрата одлука во мојот живот.

– Потпишав преддоговор со Јунајтед кога имав само 17 години. Тешко е да го видиш Алекс Фергусон со договор пред себе и да не прифатиш. Реагирав како право дете, а откако Челси ја дозна информацијата, испрати делегација по мене и ме доведе во Англија.

– Тогаш се појавија информациите дека ме киднапирале, тие моменти не беа најпријатни, а јас бев само тинејџер кој сака да игра фудбал, – вели Оби Микел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг