Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Макфакс

04/10/2022

13:41

2.085

Големина на фонт

а а а

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја во ЕУ.

„Можно е да биде потребна помош и во рамките на ЕУ“, рече еврокомесарот на прашањето дали постои реална опасност да има голем прекин на електричната енергија во Европа.

Ако само одреден број земји-членки се погодени од проблем, како што е прекин на струја, другите земји од ЕУ би можеле да испорачаат генератори за електрична енергија преку Европската комисија, како што се случува во случај на природна катастрофа, објасни комесарот, пренесе Танјуг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг