Зелен домат во тегла без конзерванси и готвење: Одличен додаток во јадењата!

Точка

03/10/2022

21:49

13.189

Големина на фонт

а а а

Кога ќе дојде студеното време, она што најмногу ни недостасува, покрај сонцето, е вкусното овошје и зеленчук.

Затоа, нашите мудри баби ја измислиле зимницата, па можеме да уживаме во одредени плодови и во текот на зимата.

Зелениот домат е туршија која домаќинките сè помалку ја подготвуваат, а е многу вкусна. Подготовката на ова јадење е многу брза, а најдобро од сè е што не се готви и не содржи конзерванси.

Состојки:

- 2 кг. зелени домати;
- бибер во зрно;
- четири чешниња лук;
- шеќер;
- сол;
- оцет;
- магдонос.


Подготовка:

Измијте го доматот, извадете ги стеблата и исечете го на четвртинки. Во чисти тегли ставете бибер по желба, магдонос и сечкан лук.

Наредете ги доматите во теглите до врвот.

Во зависност од тоа колку тегли ќе добиете, во секоја треба да прелиете по една лажичка шеќер, две лажички сол и три лажици оцет.


Кога сето тоа ќе го ставите во теглите, истурете топла вода до врвот и затворете ги теглите со чист капак.

Свртете ги наопаку, добро напикајте ги и оставете ги да се изладат. По 15 дена, зелените домати се подготвени за јадење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг