Најосамената куќа на светот ја следат многу мистерии: Еве кој и како живее во неа денес – на сосема пуст остров

Точка

03/10/2022

20:31

25.479

Големина на фонт

а а а

Најосамената куќа на светот се наоѓа на малиот пуст остров Етлидеј на Исланд. Ова живописно место во текот на 18 и 19 век било дом на бројни семејства, но постојано било изложено на природни катастрофи.

Со текот на времето, населението сè повеќе се намалувало, но затоа на површина излегле бројни „мистерии“.

Неколкуте преостанати жители го напуштиле островот во 1930 година и се преселиле на копно, во потрага по подобар живот. Оттогаш, ова далечно место е ненаселено со луѓе, а осамената куќа предизвикува многу теории на заговор.


Според една приказна, оваа куќа ја изградил ексцентричен богаташ кој планирал да се повлече во Етлидеј во случај на зомби апокалипса.

Друга приказна тврди дека во овој дом живее ексцентричен пустиник, додека трета тврди дека куќата е во сопственост на пејачката Бјорк и дека била во преговори со владата за купување на целиот остров.


За жал, вистината воопшто не е толку возбудлива!

Имено, белата куќа е всушност колиба изградена од Ловечкото здружение Етлидеј. За да ги олесни ловечките излети, здружението ја изградило како база. Во неа има сауна која се напојува со систем за дождовница.

Мистериозната куќа нема вода и струја, но затоа има неверојатен поглед кој компензира за сè. Островот е природен резерват за птици и е заштитен со закон. Туристичките организации често водат тури до споменатиот остров за сите оние кои се љубопитни, но нема влез во куќата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг