Диета со чија помош може да намалите до 10 килограми на целосно здрав начин: Клучот е во намирницата која е лек за цел организам

Точка

03/10/2022

20:09

11.085

Големина на фонт

а а а

Хелдата е една од најздравите намирници со помош на која може да ослабнете и до 10 килограми на целосно здрав начин.

Во морето разни диети, тешко е да ја изберете онаа вистинската, додека пак има сè повеќе од оние кои се нездрави, а кои доведуваат до изгладнување не давајќи позитивни резултати.

Една од најздравите намирници, која е одличен сојузник за губење килограми е хелда.

Консумирањето на каша од хелда се смета за еден од најздравите оброци, а истиот може да донесе восхитувачки резултати.

Освен што помага во губењето килограми, докажано е и нејзиното лековито дејство за бројни здравствени тегоби. Поради тоа што ја подобрува меморијата, хелдата ја нарекуваат и идеална храна за мозокот.


Чајот од цветот од хелда има лековито дејство на дишните патишта, но и белите дробови (кашлица, слуз), а мешавината на лисјата и цветовите од хелдата лекуваат атеросклероза на крвните садови.

Како што напоменавме, особено е значајна за губење на килограмите, а диетата која се базира на консумирање на оваа намирница по две недели може да доведе до губење од 7 до 10 килограми, а воедно и да го исчисти организмот, да ги одмори желудникот и цревата.

Принцип на диетата

Навечер, зрното хелда потопете го со зовриена вода, потоа исцедете ја водата, па повторно прелијте ја смесата со зовриена вода (1 чаша хелда – 2 чаши вода).

Поклопете ја и оставете ја во текот на ноќта, наутро е подготвена за употреба.

Хелдата дозволено е да ја јадете кога и да посакате, без зачини, сосови и сол (единствено можете со соја сос). Во текот на денот пијте 1 литар кефир, задолжително пијте вода колку што сакате, но не помалку од 1,5 литар дневно. Со водата може да пиете и зелен чај.


Дозволено е да консумирате и кафе, но не повеќе од 2 шолји дневно. Пожелно е последниот оброк да го јадете 4 часа пред спиење. Како и кај било која друга диета препорачливо е да консумирате мултивитамини.

Во текот на денот може да јадете и овошје и зеленчук (јаболко, портокал, зелка, зелен зеленчук, суви сливи, лажичка мед). Може да јадете и варен зеленчук – спанаќ, брокула, прокељ, грашок.

Диетата со хелда не е гладување, па затоа не треба да имате чувство на глад.

Уште една напомена – кога ќе ја завршите диетата, немојте одма да се мерите на вага, почекајте уште 3-4 дена, па дури тогаш измерете ја телесната тежина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг