Турски државјанин во казино во Скопје нападнал битолчанец

Макфакс

03/10/2022

16:36

1.288

Големина на фонт

а а а

На 02.10.2022 во 23.00 часот пред казино на Железничката станица во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Џ.К.(27) од Република Турција, затоа што околу 22.40 часот во казиното физички го нападнал Е.З.(50) од Битола, со живеалиште во Скопје.

Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг