(Видео) Пиперки полнети со рендана кисела зелка: Без конзерванси и оцет, совршено кисели и здрави

Точка

03/10/2022

15:01

13.935

Големина на фонт

а а а

Време е за подготовка на зимница. Ако сте љубители на кисела зелка и секоја година ја подготвувате, испробајте го овој рецепт за полнети пиперки - сигурно ќе ви се допаднат.

Потребни состојки:

- 3-4 кг. кисела зелка
- 5-6 кг. жолти пиперки
- 5 л. вода
- 150 гр. сол

Начин на подготовка:

Отстранете го првиот слој листови од зелката, исечете го коренот и измијте ја, а потоа изрендајте ја во поголема тава.

Пиперките исчистете ги од дршката и семките, измијте ги па наредете ги во чинија обложена со крпа убаво да се исушат.

Во садот со зелка, постепено додавајте сол (по 2 супени лажици) и мешајте со раце. Оставете да отстои околу 1 час.

Пиперките посолете ги одвнатре, наредете ги во тава и оставете и тие да отстојат околу 1 час.

Во 5 литри вода растворете 150 гр. сол и мешајте додека не се истопи. Пиперките наполнете ги до врвот со зелката и наредете ги во пластичен сад. Ако ви остане уште малку зелка, наредете ја одозгора или помеѓу пиперките. Потоа прелијте со солената вода.

Поклопете со чинија, притиснете и оставете да стои 15 дена. По тоа, зимницата е подготвена за консумирање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг