Нобелова награда за медицина доби шведскиот научник Сванте Пабо! Го прославило истражувањето на генот на неандерталците

Точка

03/10/2022

12:45

23.265

Големина на фонт

а а а

Научникот Сванте Пабо доби Нобелова награда за медицина.

Сванте Пабо доби Нобелова награда за медицина за „неговите откритија во врска со геномите на изумрените хоминини и еволуцијата на човекот“, се вели во соопштението. Нобеловиот комитет рекол дека Пабо, шведски генетичар, „постигнал нешто наизглед невозможно“, кога го секвенционирал првиот геном на неандерталец и открил дека Хомо сапиенс се вкрстувал со неандерталците.

Доказите за неговото откритие прв пат се појавила во 2010-та година, откако Пабо пронашол метод да издвои, секвенционира и анализира ДНК од коски на неандерталец.

Сванте Пабо е роден во Стокхолм во 1955-та година. Ја одбранил докторската теза во 1986-та година на Универзитетот во Упсала, а постдокторски студии посетувал на Универзитетот во Цирих и Универзитетот Калифорнија во Берлки. Станал професор на Универзитетот во Минхен во 1990-та година. Еден е од основачите на Институтот за еволутивна антропологија „Макс Планк“ во Лајпциг, каде и натаму е активен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг