Истражување: Вкусовите кои ви се допаѓаат кажуваат многу за вашата личност

Точка

02/10/2022

18:59

8.342

Големина на фонт

а а а

Околу 1.000 мажи и жени учествувале во две истражувања кои ги спровеле психолозите Кристина Сагиоглу и Тобијас Грајтемејер.

Тие заклучиле дека луѓето кои уживаат во горки вкусови имаат карактеристики на антисоцијални личности.

Од испитаниците било барано да напишат колку уживале во слатки, кисели, солени и горчливи вкусови.

Потоа им правеле тест на личноста за да ги утврдат симптомите на антисоцијално однесување како што се агресија, манипулација, психопатија и застапеност на нарцизам и секојдневен садизам.


Научниците забележале јасна врска меѓу антисоцијалните тенденции и наклонетоста кон горчливи вкусови.

„Резултатите од двете истражувања ја потврдиле хипотезата дека овој феномен е поврзан со одредени црти на личноста, пред се со садизмот и психопатијата“, се наведува во истражувањето.

Учесниците кои избрале горчливи вкусови, како што се црно кафе, газирана вода, ротквици и целер, покажале повеќе склоност кон антисоцијални особини за разлика од оние кои се одлучиле за слатки работи.


Претходните истражувања кои ги спровеле многу социолошки истражувачи покажале дека постои директна врска меѓу тоа што го јадете и тоа како ве гледаат другите.

На пример, на основа на едно истражување било заклучено дека луѓето кои сакаат слатка храна веројатно во очите на другите ќе бидат пристојни и убави.




Спонзорирани линкови

Маркетинг