Алармантно: Системот за автоматско сопирање е неефикасен во судирите при високи брзини

Точка

02/10/2022

16:57

15.637

Големина на фонт

а а а

Во тестовите на Т раскрсниците судири се случувале во речиси 100% од случаите, и покрај тој систем за асистенција.

Повеќето нови возила кои се продаваат во Европа стандардно се опремени со систем за автоматско сопирање во случај на опасност (AEB). И додека технологијата која користи радар, камери или "LiDar" за забележување на опасни ситуации на патот ја докажала својата вредност во поглед на намалување на силата на ударот на едно возило во задниот дел од друго при пониски брзини, проблемите настануваат при високи брзини, фронтални судири и на Т раскрсници.

"AAA" ги тестирал системите на четири возила (Ford, Honda, Chevrolet и Toyota) при поголеми брзини за да утврди дали тие можат да спречат налет на возила од позади, а исто така спровел тестови за да утврди дали можат "AEB" системите да спречат судир на Т раскрсници.


Авто-клуб ги тестирал системите во две сценарија на Т раскрсници: со возила кои одат правно преку раскрсница наидувајќи на возило кое им сече пат, како и кога возило кое врти лево влегува во траекторијата на друго возило.

Ова инаку се најсмртоносните видови на несреќи во САД и сочинуваат 39,2 проценти од вкупните смртни случаи во несреќи во кои учествувале две патнички возила.

Резултатите се скромни. При брзина од 46 км/ч, "AEB" Спречил судир од позади во 17 од 20 тест возења, или 85%. При 62 км/ч, "AEB" спречил судир од задната страна во само 6 од 20 тестови, или 30 проценти.


Во тестовите на Т раскрсниците судири се случиле во 100 % од случаите. "AEB" не успеал да ги предупреди возачите, да ја намали брзината или да избегне судир.

Како резултат на тестирањата, "AAA" препорачува произведувачите на автомобилите да се фокусираат на проектирање на системи кои подобро би управувале со судири во кои е најголема веројатноста да дојде до повреди или смртни случаи.

Возачите исто така треба да бидат свесни за ограничување на своите возила, односно би требало да знаат дека, и покрај сите безбедносни системи, мора да бидат максимално фокусирани на сообраќајот и да реагираат на време.




Спонзорирани линкови

Маркетинг