Кумановец со автомобилот удри во велосипедист

Макфакс

02/10/2022

12:20

1.213

Големина на фонт

а а а

Вчера во Куманово, на улицата Народна револуција и булеварот Трета Македонска ударна бригада, автомобил „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од З.С.(54) од Куманово удрил во велосипедист Т.К.(70).

По несреќата велосипедистот Т.К. бил пренесен во Општата болница Куманово, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг