Германците пресметале колку чини одгледување на дете до 18 години: Колку вие трошите месечно на вашето дете?

Точка

02/10/2022

12:16

7.748

Големина на фонт

а а а

Од 12 до 18 години месечните трошоци за дете во Германија се прилично високи.

Германскиот Сојузен завод за статистика објавил резултати од истражувања според кои просечната потрошувачка на родителите за одгледување на дете до 18 години изнесува околу 150.000 евра.

До шестата година, месечните трошоци се околу 587 евра на месечно ниво, а во нив влегуваат исхрана, пелени, играчки и облека, а не е вклучена почетната опрема за бебето која чини околу 3.000 евра, како и можни трошоци за нега, објавиле германските медиуми.


Место во градинка се плаќа околу 400 евра, но износот варира од регион до регион.

Од уписот во училиште до 12-тата години се финансираат излети во текот на годишните одмори, хобија и училишни екскурзии, како и прослави на родендени. За паметните телефони, таблети и компјутери, исто така се трошат високи суми на пари.


Од 12 до 18 години повторно растат трошоците, и тоа на 784 евра месечно по дете.

Колку вие трошите месечно на вашите деца?




Спонзорирани линкови

Маркетинг