Водичот на експедицијата Таши Шерпа бил меѓу оние кои се обиделе да се искачат на планината Манаслу на непалските Хималаи, која со 8.163 метри се смета за осмата највисока планина на светот.
Притоа успеал со камера да ја сними огромната лавина која го затрупала нивниот базен камп.
Според зборовите на Таши Шерпа, еден од водичите на експедицијата на планината Манаслу, лавината, за среќа, не однела животи, но уништила повеќе 30 шатори поставени во базниот камп.
Некои компании кои организираат експедиции се откажале од понатамошно искачување на планината оваа сезона.
Инцидентот се случил само една недела откако во слична несреќа на 26-ти септември, според непалското министерство за туризам, загинале две лица, а повредени биле десетина луѓе.
Времето во текот на целата овогодишна сезона на овие простори инаку не било најповолно за алпинистите. Министерството за туризам оваа година издало повеќе од 400 дозволи за искачување на оваа планина, наведува "India Today".