Чудна случајност на германска телевизија: Насред говорот на Столтенберг "влетал" Путин

Точка

01/10/2022

23:29

6.703

Големина на фонт

а а а

Преносот на вонредната прес-конференција на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на каналот "Deutsche Welle" накратко бил прекинат, а на екранот се појавил Путин.

Имено, наместо говорот на Столтенберг се појавил дел од говорот на рускиот претседател Владимир Путин од концертот на Црвениот плоштад во чест на присоединувањето на ДНР, ЛНР, Херсонската и Запорошката област кон Русија.

На снимката објавена на Јутјуб каналот се гледа преносот на вонредната конференција за медиуми на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на официјалниот канал на "Deutsche Welle".

Преносот на прес-конференцијата набрзо бил прекинат и наместо него, на каналот "Deutsche Welle" се појавил дел од говорот на рускиот претседател Владимир Путин од концертот на Црвениот плоштад во чест на присоединувањето на дел од Украина кон Русија.

На екранот се појавува Путин и вели дека "Русија ја создала модерна Украина, давајќи и значаен дел од територијата".

Водителот на "Deutsche Welle" тоа што се случило го окарактеризирал како технички проблем, но не можел да не забележи дека станува збор за "чудна коинциденција".



Спонзорирани линкови

Маркетинг