Дали знаете што била по „професија“ кралицата Елизабета?

Точка

01/10/2022

23:19

14.275

Големина на фонт

а а а

Светот чекаше три недели да ја слушне официјалната причина за смртта на кралицата Елизабета втора, и тоа било, сосема очекувано - староста, но она што исто така привлече големо внимание е нејзината професија.

Во потврдата било напишано сè - полното име (Елизабет Александра Мери) и презиме (Виндзор), датум на раѓање (21 април), датум и време на смртта (8 септември во 15:10 часот по локално време), адреса на местото каде што таа умрела (замокот „Балморал“ во Шкотска), брачна состојба (вдовица)... А професија? Па, нејзиното височество Кралицата.


„Што друго би била“, прашуваат твитерџиите. Бидејќи, наведени се и занимањата на нејзините родители - кралот Џорџ VI и Елизабета, мајката на кралицата.

Некои велат дека, доколку била таа прашана, веројатно како своја професија би истакнала „служење на народот“, бидејќи често така ги завршувала своите обраќања до нацијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг