(Видео) Руски рапер извршил самоубиство поради Путин: „Не можам да го носам на душа гревот за убиство“

Точка

01/10/2022

22:57

2.847

Големина на фонт

а а а

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради регрутирањето што го најави Владимир Путин.

Телото на Петунин било пронајдено во близина на некоја зграда откако 27-годишниот музичар снимил видео порака објавена на неговиот канал на Телеграм. Во пораката тој наведува дека не сака да убива луѓе за никакви идеали.

Раперот порано во животот служел во руската војска и се лекувал во душевна болница, а видео пораката што ја оставил на своите следбеници е многу вознемирувачка.

„Ако го гледате ова видео, јас веќе не сум жив. Не можам да го носам на душа гревот за убиство и не сакам да го сторам тоа. Не сум подготвен да убивам за никакви идеали“, рекол тој.

Да потсетиме, Владимир Путин неодамна најави делумна мобилизација на резервистите во војната против Украина, по што околу 200.000 руски граѓани ја напуштија земјата. Други, пак, си ги кршеле сами коските за да избегнат мобилизација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг