Фотографии пред и по ураганот на Флорида: Уништени делови од острови, срушени хотели

Макфакс

01/10/2022

16:04

2.415

Големина на фонт

а а а

Воздушните снимки од американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA) ги покажуваат последиците од разорниот ураган Иан.

Повеќето куќи на островите Санибел и Каптива сè уште стојат, но претрпеле оштетувања на нивните покриви. Во близина на хотелот Casa Ybel Beach Resort, во песокот може да се видат големи „лузни“ бидејќи ударниот бран еродирал поголем дел од плажата и дините.

Исчезна и одмаралиштето Shalimar Cottages & Motel. Невремето однесе 14 куќички и целата зграда на мотелот. Најмалку четири куќи, или она што остана од нив, се наоѓаат на улицата.

Целосно беше уништено и одморалиштето Mitchell’s SandCastles. Ниту една зграда не е зачувана, а теренот е покриен со песок.

Од одморалиштето Waterside Inn on the Beach останала само една зграда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг