Гејтс скептичен кон изјавите на Западот: „Јавете му се на Путин, па кажете му дека не ви треба“

Точка

01/10/2022

15:49

4.398

Големина на фонт

а а а

Основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, изјавил дека Европа зимава би можела да се соочи со „многу застрашувачка ситуација“.

Тој предупредил дека порастот на цената на енергијата ширум регионот би можело да значи дека луѓето нема да можат да ги греат своите домови, без оглед на трудот на некои од нациите да ја отфрлат руската енергија без никакви одржливи алтернативи, пренесува „Russia Today“.

Од Гејтс во поткастот на новинар на „Bloomberg“ било побарано да ги прокоментира „спектакуларно лошите изгледи за Европејците поради сè поголемата цена на енергијата зимава“.


„Разликата во количината природен гас која ви е потребна во многу ладна зима во однос на блага зима ќе ги изненади луѓето. Тоа е речиси фактор три“, изјавил тој, па додал:

„Така што подобро е да се надеваме дека зимата ќе биде прилично блага... Доколку зимата е многу ладна и остра, компромисите се многу, многу тешки, вклучувајќи го и ограничувањето на индустриската употреба (на енергија) во поголем дел, за што луѓето всушност не се подготвени“.

Гејтс бил скептичен во врска со изјавите на некои од западните земји, дека ќе го запрат купувањето руска енергија во знак на одмазда за конфликтот во Украина, сугерирајќи дека Европа ќе мора да остане зависна од тој увоз за некое време.

„Значи, кога луѓето ќе ми кажат: Еј, ние гo сакаме твојот став за климатските промени затоа што можеме да му кажеме на Путин дека тој не ни треба“, продолжил Гејтс, додавајќи саркастично: „Јас велам, да, 10 години од сега... Јави му се и кажи му дека не ти треба“.


Гејтс изјавил дека повторното активирање на електраните на јаглен и потпирањето на други помалку зелени извори на енергија е „прагматично“ и дека тоа би било добро за климата на други патеки, додека пак во краток домет едноставно мора да се пронајде било какво решение, па дури и доколку тоа да значи емисијата да расте.




Спонзорирани линкови

Маркетинг