(Видео) Најубавата жена на светот прошета полугола на пистата во Париз: Се случи вистинска модна магија, иако некои велат дека овој потег е вулгарен

Точка

01/10/2022

14:34

13.204

Големина на фонт

а а а

Бела Хадид излегла полугола на модната писта во Париз, а потоа со спреј ѝ насликале фустан.

Манекенката Бела Хадид дефинитивно оставила најголем печат на Париската модна недела.

Имено, таа била дел од еден од најспектакуларните настани на модната писта во градот на светлината којшто некогаш се случил.


Убавицата имала фустан „испрскан“ со спреј на нејзиното тело во текот на големото финале на модната ревија „Coperni“.

Бела, за која се шпекулира дека е верена, се појавила на пистата само во гаќички и потпетици, а со рацете ги покрила своите гради. Таму имало и тројца мажи кои со спреј ѝ насликале фустан на телото, а сите нив ги предводел д-р Манел Торес, генералниот директор на „Fabrican Ltd.“.

„Сакавме овој момент да го посветиме на д-р Торес поради тоа што толку многу го почитуваме тоа што го прави. Чувствувавме дека е апсолутно неопходно тој да го води настапот – нам тоа ни дава огромно искуство и уште помагично задоволство“; истакнал Арнауд Ваилант.


Меѓутоа, на социјалните мрежи можат да се прочитаат многу коментари кои не се баш позитивни. Многумина сметале дека „нема потреба за ваква вулгарност“ и „до кога најголем моден хит ќе бидат голи жени на ревија“:

Само ден после овој настан којшто долго ќе се памети, Бела и Џиџи Хадид прошетале заедно на пистата, па ја потврдиле неверојатната доминација во Париз на модната недела.


Гледајќи ги заедно сестрите и едни од најуспешни манекенки на денешницата, било вистинско задоволство за нивните обожаватели.





Спонзорирани линкови

Маркетинг