(Видео) 5 години одела на станицата за јавен превоз, но никогаш не се качила: Кога ќе ја дознаете причината – нема да останете рамнодушни!

Точка

30/09/2022

21:10

25.170

Големина на фонт

а а а

Приказната за д-р Маргарет МекКолум ги топи и најтврдите срца, бидејќи приказната за нејзината голема љубов одекна многу подалеку од звуците што се слушале во метро станицата која таа ја посетувала секој ден.

Маргарет и нејзиниот сопруг Освалд можеле слободно да кажат дека се најсреќниот пар во Лондон, бидејќи кога дошол моментот да се разделат, еден од нив не бил подготвен да се збогува.

Додека градела кариера како општ лекар, Освалд професионално се етаблирал како актер кој го позајмува својот глас на реклами. Иако не успеал да направи кариера во Холивуд, редовните посетители на лондонската подземна станица „Ембаркмент“ секој ден можеле да го слушаат неговиот глас, кој им сигнализирал дека воз се приближува до станицата.

По неговата смрт во 2007 година, неутешната Маргарет секој ден стоела на постојката Ембаркмент само за да го слушне гласот на нејзиниот покоен сопруг. Точно пет години таа доаѓала и слушала како Освалд сигнализирал дека воз се приближува.

Меѓутоа, во 2012 година гласот на Освалд бил заменет со дигитализирана верзија која го сигнализирала пристигнувањето и заминувањето на транспортот. Маргарет стапила во контакт со одговорните лица на лондонското метро и објаснила дека гласот на Освалд бил користен со децении. По неговата смрт тоа била нејзината единствена утеха.

Менаџерите на лондонското метро, една година подоцна одлучиле неговиот глас да се слуша трипати секој пат кога воз ќе се приближи до станицата Ембанкмент.

Дури и по смртта на д-р Маргарет МекКолум, гласот на нејзиниот сопруг сè уште одекнува низ метрото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг