14-годишник од Скопје нападна врсник со нож, полицијата поднесе кривична пријава

Макфакс

30/09/2022

15:52

1.398

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда.

„На 27.9.2022 на ул. Рокомија во Скопје, тој со остар предмет нападнал и повредил друг 14-годишен малолетник од Скопје. По преземени мерки и активности, тој бил пронајден и приведен и во присуство на родител со него бил извршен службен разговор во полициска станица“, информираа од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг