Популарното видео од ајкула која плива низ предградието на Флорида по поплавите од ураганот Иан е потврдено како реално, иако експертите не се сигурни дека всушност се работи за ајкула.
Во минатото имаше многу објави на социјалните мрежи на кои се прикажани морски суштества како талкаат низ градовите среде катастрофалните временски непогоди и поплавите што тие ги предизвикуваат.
Истото се случило кога ураганот Иан го погоди брегот на Флорида оваа недела. На Твитер се појави видео на кое се гледа како морско суштество плива во плитка вода во Форт Мајерс и многумина се посомневале дека станува збор за монтажа.
Сепак, конечно е потврдено дека видеото е всушност снимено за време на неодамнешните поплави, наведува „Associated Press“.
Доминик Камерата, жител на Форт Мајерс, го снимил видеото во средата кога забележал како нешто плива пред неговиот дом во Девонвуд.
„Не знаев што е тоа - само изгледаше како риба или нешто слично“, изјавил тој за „Associated Press“.
„Зумирав и сите мои пријатели велеа: „Тоа е како ајкула, човеку!“.
The storm surge is so powerful from #HurricaneIan that it has brought a shark into the city streets of Fort Myers.
— Colin McCarthy (@US_Stormwatch) September 28, 2022
?@BradHabuda pic.twitter.com/RHY0kK5RHR
Меѓутоа, експертите биле поделени околу тоа дали се работи за ајкула или обична риба, во интервју за „Associated Press“.
Оние кои се сомневаат во постоењето на ајкула која плива низ приградските области се запрашале како успеала да стигне од Мексиканскиот залив до Форт Мајерс.
Јанис Папастаматиу, морски биолог кој го проучува однесувањето на ајкулите на Меѓународниот универзитет во Флорида, објаснил за „AP“ како тоа може да се случи.
„Малите ајкули се чести жители на води со ниска соленост - реки, утоки, суптропски заливи - и често се појавуваат во слични видеа како крајбрежни канали и езерца“, рекол Бурџис.
„Под претпоставка дека дадената локација и датум се точни, веројатно е дека оваа ајкула била повлечена на брегот од издигнувањето на морињата“, објасни тој.
Судејќи според некои снимки од места кои најсилно беа погодени од ураганот Иан, не е тешко да се замисли како морските суштества успеале да влезат во внатрешноста.