Водителката пред самоубиството му испратила порака на поранешниот партнер: Испливаа последните зборови на убавата Нина која си го одзема животот

Точка

30/09/2022

15:00

6.772

Големина на фонт

а а а

Трагичната вест за самоубиството на Нина Пеќолк го обиколи светот на крајот на минатиот месец, а нејзината сестра по страшниот настан откри дека водителката требало да се омажи, но нејзиниот избраник откажал сè само два месеци пред закажаната церемонија.

Како што пренесуваат странските медиуми, Нина си го одзела животот токму поради турбулентната врска со поранешниот партнер Кајл Хас, десет години постар од неа, со кој неколку недели пред трагичниот настан ја купил куќата во која се самоубила.


Се зборува дека нивната врска била бурна, а несогласувањата настанале поради неговиот проблем со алкохолот, како и приказните за наводно изневерување, а на врската ѝ дошло крај кога пронашла долна облека на друга жена.

Како што рекле пријателите на Нина, таа била во многу тешка емотивна состојба по раскинувањето, а на денот кога се самоубила, на 27 август, само 90 минути претходно, излегла и купила пиштол со кој си пукала во глава.

Сега е откриено дека пред да го повлече чкрапалото, му пратила СМС на својот поранешен вереник, кој тогаш бил во автомобил со своите деца од првиот брак:

„Те сакам Кајл. Секогаш те сакав и секогаш ќе те сакам и покрај тоа што ме уништи, секогаш имав надеж. Многу ми е жал што ти го правам ова, но не можам повеќе да ја издржам оваа болка“, напишала Нина во пораката.


Кајл веднаш повикал полиција, која набрзо пристигнала во нивната куќа, но за жал веќе било доцна. Ноќта пред да се самоубие, Нина ѝ испратила порака на својата сестра.

„Ми рече дека ме мрази и дека ќе се чувствува како милион долари кога ќе си заминам од неговиот живот“, ѝ рекла тогаш Нина на својата сестра и додала дека е „скршена“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг