Меркел: Германија нема причина да биде задоволна со себе, Русија ѝ е потребна на Европа

Точка

30/09/2022

20:41

6.229

Големина на фонт

а а а

Поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел, смета дека во иднина неопходно е да се продолжи на работата на европската архитектура на безбедност, но дека тоа мора да се направи со учество на Русија.

Неопходно е да се продолжи со работа на заедничка европска архитектура на безбедност со учество на Русија, рекла Меркел за време на настапот на одбележувањето на јубилејот на градот Гослар.

Поранешната канцеларка, меѓутоа, повторно ја осудила специјалната воена операција на Русија во Украина, оценувајќи ја како нарушување на меѓународното право.

Меркел додала дека во овој момент Германија нема причини да биде задоволна со себе, но дека со сила и самодоверба е способна да ја надмине актуелната криза. Нејзиниот говор бил проследен со бурен аплауз, наведува информативниот портал „N-TV“.

Ангела Меркел ја напушти должноста канцелар на Германија во 2021-ва година, која ја вршеше 16 години, почнувајќи од 2005-та.



Спонзорирани линкови

Маркетинг