Вирално видео: Водителка покажала како го заштитила микрофонот среде невреме – тоа што го гледате е баш тоа на што помисливте

Точка

30/09/2022

15:17

8.401

Големина на фонт

а а а

Видеото од водителката која известувала за невремето во Флорида за „NBC“ станало планетарно популарно, а некои би рекле дека тоа што го виделе е генијална идеја – како среде невреме да го заштитите микрофонот при пренос во живо.

Водителката Кајла Гилер веднаш по вклучувањето во програма им се обратила на гледачите и им објаснила дека ставила кондом на микрофонот како најдобар вид заштита, затоа што водата нема да помине низ него и ќе може без прекин да известува.

„Помага во заштита на опрема. Не смееме да дозволиме микрофоните да се оштетат поради невремето. Дождот паѓа непрекинато, така што го направивме тоа што моравме да го направиме – кондом на микрофон“, изјавила Кајла.

„Кога нешто врши работа, врши“, „Ова е убедливо најдобрата временска прогноза до сега“, „Колкав е буџетот на овие телевизии кога со кондом ја штитат опремата“, биле само дел од коментарите кои се појавиле под популарното видео.




Спонзорирани линкови

Маркетинг