Едноставно, ефектно и смело: Кејт Мос во мал, црн фустан без градник го хипнотизираше Париз

Точка

30/09/2022

14:10

7.371

Големина на фонт

а а а

Модната недела во Париз е вистински спектакл со оглед на тоа што брендот „Yves Saint Laurent“ одржал ревија под ведро небо пред Ајфеловата кула.

Градот на модата приредил величествена глетка во режиjа на познатиот моден бренд. Тие ја претставиле својата нова колекција, а на нивниот спектакл присуствувале бројни ѕвезди меѓу кои и славната Кејт Мос.

Препознатлива по својот шарм, неодолива убавина и посебен став, Кејт Мос привлекла внимание. Таа се појавила во едноставно, ефектно модно издание.


Славната манекенка избрала да носи црн фустан, а таа е позната по тоа што го негува класичниот стил и многу често носи парчиња кои се токму такви.

Кејт условно блескала во краткиот фустан со долги ракави, а избрала модел со потпис на брендот чија ревија ја проследила.

Што и да облeче таа, тоа никако не може да биде здодевно, па својот моден избор го искомбинирала со елегантни салонки, додека пак во еден момент носела и раскошна, црна бунда.

Интересен детаљ е и тоа што манекенката одлучила да го носи фустанот без градник, па брадавиците ѝ наѕирале во еден момент.

Пунџата и црвениот кармин во комбинација со ефектниот накит само придонеле модното издание да биде неверојатно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг