Касилјас го поврзаа со љубовна врска со Шакира, легендата на „кралевите“ мораше да се огласи

Дерби

30/09/2022

13:23

3.718

Големина на фонт

а а а

Легендата на Реал Мадрид и на шпанскиот фудбал, Икер Касилјас мораше да се огласи по информациите во медиумите, социјалните мрежи дека започнал љубовна врска со Шакира.

Шакира до неодамна беше сопатничка на Жерард Пике, ѕвездата на Барселона и некогашен соигра на Касилјас од националниот тим, па ако ова навистина беше точно тогаш дефнитивно ќе беше една нова шпанска серија.

Меѓутоа веста за врската меѓу Икер и колумбиската пејачка не е вистина, а за тоа говори и реакцијата на екс голманот на Реал и Порто кој ги искористи социјалните мрежи на кои порача:

- Допрете го носот - напиша Касилјас и притоа додаде емотикон кој означува неверување или во случајот е шокиран од вестите кои се појавија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг