(Видео) Какви „е*ени идиоти“ – Претседателот на руски Дагестан побеснел поради мобилизацијата: Како на таков начин ги повикуваат луѓето, кој им дал овластување?

Точка

30/09/2022

19:39

4.434

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Руската Република Дагестан, судејќи по вчера објавената видеоснимка, бил бесен на руските офицери задолжени за мобилизација кои се возеле низ градот Дербент и преку звучник ги повикале „сите машки граѓани да се јават во канцеларијата за мобилизација“.

„Како офицерите за мобилизација во Дербент можат на таков начин да повикуваат луѓе да се јават во канцелариите за мобилизација. Какви e*ени идиоти! Кој им дозволил да се возат низ градот?“, рекол претседателот на Дагестан, Сергеј Меликов на состанокот за Советот за безбедност на Дагестан.

Тој на прес-конференцијата пуштил и кратко видео на својот телефон на кое се слуша пораката: „Почитувани жители на Дербент, сите граѓани од машки пол мораат веднаш да се јават во канцеларијата за мобилизација. Подгответе ги пасошите и воените карти“.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела најавил делумна мобилизација, со која 300.000 резервисти со воено искуство ќе бидат повикани на служба во Украина, пренесува „Index.hr“.

По објавата за мобилизација на Путин, стотици цивили протестирале во Дагестан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг