Чифлиганец во Студио 10: Се надевам дека топланите работат, оти јас таму немам влезено – купивме „ветер и магла“

Нетпрес

30/09/2022

12:13

3.513

Големина на фонт

а а а

Адора инженеринг 12 месеци е сопственик на топланите Исток и Запад за кои има платено 9,26 милиони евра. Но, компанијата сѐ уште не може да добие владение врз топланите.

- Поминуваме низ вистинска голгота по купувањето на Топлификација, вели денеска бизнисменот Ванчо Чифлиганец во СТУДИО 10 на ТВ24.

Чифлиганец посочи дека бизнисмените сакаат да работат во Македонија, но под услови на рамноправност и фер односи во државата, без фаворизирање поради политички интереси.

- Јас се согласувам дури и само да ми се покријат финансиските загуби и ќе им ги предадам топланите на оние кои бесправно ги користат, вели Чифлиганец.

    

Тој вели дека поради тие долгови за првпат во 45 години кариера ќе мора да потпише негативна годишна сметка.

- Мене насила ме тераат државни институции да потпишам дека ги давам под закуп топланите, но не се споменува исплатата на долговите од 550.000 евра за кои не се знае каде се. Се бара закуп во смисла на управување со топланите, а кредитите да продолжи да ги отплаќа Адора. Адора е спремна да направи купопродажен договор и да го продаде имотот за 8,8 милиони евра од кои 7 се отплата на преостанатиот кредит, објаснува Чифлиганец.

Чифлиганец вели дека се надева оти топланите функционираат оти тој воопшто не влегол таму и додава дека купиле „магла и ветер“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг