„Колку е урнебесно, толку е трагично“: Жена во обид да наточи гориво „завојувала“ со бензинска пумпа, видеото ги преплави социјалните мрежи

Точка

30/09/2022

12:02

10.179

Големина на фонт

а а а

На интернет се појави видео од жена која упорно се обидува да наточи гориво во својот автомобил, но тоа никако не ѝ поаѓа од рака...

Бензинските пумпи можат да бидат ноќна мора за многу жени. Голем број од нив не сакаат ни да се обидат да наточат гориво, туку бараат вработен кој ќе го направи тоа наместо нив. Велат дека војната помеѓу жените и бензинските пумпи трае со децении и дека не ѝ се гледа крајот, а една русокоса стана хит на интернет преку ноќ.

Таа неколку пати безуспешно се обидувала да го доближи резервоарот на својот автомобил до бензинската пумпа. Неколку пати се паркирала различно, но во ниту еден момент не успеала со цревото да стигне до возилото. Потоа се вртела околу автомобилот, ја мерела оддалеченоста со чекори, а потоа следел момент кој никој не го очекувал - го барала резервоарот од другата страна.

Верувале или не, жената пронашла решение. На крајот одлучила да го сврти автомобилот од другата страна и конечно успеала да наточи гориво. Овој настан навистина изгледа како урнебесен скеч, но никому не му е јасно дали ова навистина се случило или е добро смислена пародија.

Но, без разлика, видеото ги преплави социјалните мрежи и насмеа илјадници корисници.

„Ваков бисер сè уште не сум видел“, „Колку е урнебесно, толку е трагично“, „Мора да се шегувате?“, „Каква легенда“, „Се смеев како никогаш во животот“, гласат коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг