Погледнете ги снимките од последиците на ураганот Иан од воздух.
Ураганот Иан ја опустошил Флорида и оставил хаос зад себе, а екипа на телевизијата "CNN" ги снимила последиците на бурата од воздух.
Во налетот на ураганот Иан настрадале најмалку 19 луѓе, а се проценува дека материјалната штета е огромна.
Иан моментално е класификуван како ураган од прва категорија и се очекува дека ќе ја погоди Северна Каролина.
Жителите и властите се многу загрижени бидејќи ударот се очекува во петок,во текот на плима, што значи дека опасноста од поплави ќе биде голема.